ВУЛКАНОТ ЕТНА ИСФРЛА ГОЛЕМИ КОЛИЧИНИ ПЕПЕЛ Суспендиран авионскиот сообраќај на Сицилија

Вулканската активност продолжи откако на 26 јуни се отвори пукнатина во кратерот Ворагине на врвот на Етна.

62

Вулканот Етна денеска повторно исфрли пепел, а поради зголемената вулканска активност привремено е суспендиран авионскиот сообраќај на меѓународниот аеродром „Катанија-Винченцо Белини“ на Сицилија.

Вулканската активност продолжи откако на 26 јуни се отвори пукнатина во кратерот Ворагине на врвот на Етна.






Опсерваторијата за Етна на Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија соопшти дека Етна исфрлила облак пепел во висина до 1,5 километри.

Етна, со висина од околу 3.300 метри е најголем активен вулкан во континентална Европа.

📽️ ЛАВА ОД ВУЛКАНСКИОТ ВРВ НА ЕВРОПА Етна повторно го осветли небото над Сицилија

Поврзани содржини