ЗА ДВЕ ГОДИНИ ПОКРИЕНИ СЕ 4,6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ДОЛГ ОД ПРЕТХОДНИТЕ ВЛАДИ Три четвртини од тоа отпаѓа на долгот направен за време на владеењето на СДСМ и ДУИ
Споредувајќи ги економските параметри премиерот рече дека во периодот на владата на СДСМ и ДУИ растот на Бруто-домашниот производ бил нешто под 1,8%, а во седум квартали од владата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече, е речиси двојно поголем односно 3,5%.
За исплатената еврообврзница за 2020 година, вратени се 700 милиони евра кои претходната влада ги зела пред шест години, изјави премиерот Христијан Мицкоски со што, како што рече, се заштедени се заштедени неколку милиони евра.
-Во овие две години, сервисирани или репрограмирани се приближно 4,5 – 4,6 милијарди евра. Тоа е долг и обврски создадени, во најголем дел, од седум години влада на СДСМ и ДУИ. Се разбира, има и дел од порано, но во најголем дел, процентуално тоа е нешто повеќе три четвртини. Ние ги сервисраме тие обврски, истовремено изнаоѓаме средства за инфраструктурни проекти. Потпишавме и колективни договори со образованието, со здравството, со адмнистрацијата итн. Кога се работи домаќински се санираат сите оние штетни последици од едно време кое не би сакал никогаш да се повтори ниту за граѓаните, ниту за државата – рече Мицкоски.
Споредувајќи ги економските параметри премиерот рече дека во периодот на владата на СДСМ и ДУИ растот на Бруто-домашниот производ бил нешто под 1,8%, а во седум квартали од владата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече, е речиси двојно поголем односно 3,5%.
– Ние ќе продолжиме да функционираме на тој начин. Сè уште треба време за посериозно да почне да се чувствува, но веќе насекаде се гледа она што се работи во овие две години – додаде Мицкоски.