🎥 ГОЛЕМ ПОЖАР ОКОЛУ СОЛУН Две фабрики се уништени, уапсен е 76-годишен маж

Иако станбените згради не беа погодени, неколку деловни простории беа оштетени. Жителите на малите населби Антуполис, Филотеј и Галини беа известени преку СМС-пораки да се евакуираат.

311

Пожар што синоќа избувна во близина на Солун уништи два индустриски погони и предизвика евакуација на три села и еден дом за нега, пренесуваат грчките медиуми. Властите уапсија 76-годишен маж под сомнение за палење, а густ чад покри делови од градот, пишува ABC News.

Пожарот избувна  во клисура во планинската област и брзо се прошири кон рамнините, зафаќајќи претежно грмушки, соопшти грчката противпожарна служба.






Иако станбените згради не беа погодени, неколку деловни простории беа оштетени. Жителите на малите населби Антуполис, Филотеј и Галини беа известени преку СМС-пораки да се евакуираат.

Евакуирана е и институција каде што се сместени 157 лица со посебни потреби. Околу 120 затвореници кои можат да се движат беа сместени во спортската сала, додека останатите беа префрлени во психијатриска болница, објавија локалните власти.

Властите објавија дека во текот на ноќта дека е уапсен 76-годишен маж под сомнение дека го предизвикал пожарот.

-Изгледаше како да не е трезен – соопшти грчката противпожарна служба.

Жителите на Солун можеа да видат пламен, а можеа да се слушнат и експлозии додека запаливи материјали гореа во комерцијални згради. Густ облак од чад покри неколку предградија и западните делови на градот.

Околу 115 пожарникари со 38 противпожарни возила и непознат број волонтери се бореа со пожарот, објави противпожарната служба.

Противпожарните авиони учествуваа во гаснењето кратко време, но не можеа да дејствуваат по стемнување.

Нема индикации дека пожарот се движи кон градот, но пожарникарите остануваат во приправност и се очекува да пристигне засилување. Силните ветрови го отежнуваа ставањето на пожарот под контрола.

Поради долгите, топли, суви и често ветровити лета, Грција редовно се соочува со пожари. Сепак, земјата успеа да го помине јуни без поголеми штети.

Првиот голем пожар во сезоната ја погоди централна Грција во среда, при што загинаа еден маж и неговиот 12-годишен син, а исто така предизвика и евакуации.

 

Поврзани содржини