ФИЛИПЧЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ СНАЈДЕ КАКО ЛИДЕР НА СДСМ Игор Ивановски повикува да престанат дискредитациите на луѓето од Платформата 12.05.
„Да ме исклучат мене или Славјанка? Јас сум член на СДСМ од 1994 година и ќе останам до крајот на животот. Тоа не може да го направат луѓе или човек кои не е дел ниту асоцијација од СДСМ", изјави Игор Ивановски за Сител.
Игор Ивановски, поранешен висок функционер на СДСМ, проговори за состојбите во СДСМ и за лидерството на Венко Филипче во вчерашната „тема на денот“ на ТВ Сител.
Ивановски рече дека го знае Филипче од неговите седумнаесет години и нема ништо лично против него, но нагласи дека тој не успеал да се снајде во партиската лидерска улога.
-Да, Венко е одличен неврохирург, да не кажам најдобриот. Тоа не е мое да го судам. И тоа мислење го имам и сè уште го имам. Тој секогаш сака да помогне – рече Ивановски.
Но, рече Ивановски не може да каже дека е така и за раководењето со партијата.
-Јас и во изминатиот период, но и сега, еве јавно, и тоа ќе биде прв и последен пат, зборувам за него како претседател на СДСМ. И тој во таа улога не може да се снајде – рече Ивановски.
Според него СДСМ мора да направи целосен дисконтинуитет доколку сака повторно да стане конкурентна политичка сила.
-Венко Филипче како претседател треба да направи целосен дисконтинуитет на СДСМ, за партијата повторно да биде конкурентна, да има нов почеток, кадровски, програмски и концептуален – рече Ивановски.
Тој додаде дека во изминатиот период имало добронамерни сугестии и предлози, но тие не биле реализирани.
-Добивавме ветувања дека ќе се случат некои промени и тоа траеше подолг временски период, но тоа не се реализира- рече Ивановски.
Според него, проблемот во СДСМ е недостигот на вистински дијалог и дебата за суштинските прашања.
Игор Ивановски, кој е од од групата за реформи во СДСМ му порача на Венко Филипче да не врши притисок врз оние кои се охрабриле да отворено да говорат за состојбите во СДСМ која ја нарече слаба, ферментирана опозиција и додаде дека не стравува дека може да го искучат од партијата.
– Да ме исклучат мене или Славјанка? Јас сум член на СДСМ од 1994 година и ќе останам до крајот на животот. Тоа не може да го направат луѓе или човек кои не е дел ниту асоцијација од СДСМ. Она што е пострашно е и сакам да пратам предупредување да прекинат со дискредитации, изживувањето и сериозните конструккции што ги прават спрема луѓето на таа маса и нивните семејства – рече Ивановски.
Ивановски во средата ја модерирал средбата на членови на СДСМ од различни генерации и граѓански активисти кои немаат партиски профили, под името „Разговори за иднината во 12:05“ на која, како што беше наведно во соопштението што го објавија по настанот, било закулечено дека на прогресивната демократска јавност во земјава ѝ е потребна суштинска и објективна дебата, која мора да биде ослободена од вообичаената потреба за допадливост кон партиските лидери.