„НЕМЕРЛИВА ГЛУПОСТ” Е ДА ГИ НАРЕЧЕШ ПРЕДАВНИЦИ ЛУЃЕТО ОД ПЛАТФОРМАТА 12.05 Се огласи и новинарот Љубиша Николовски

Ова е „самоубиствен потег на прекинување на врските со сите релевантни аналитичари кои со децении се подметнуваат во јавниот простор во одбрана на социјалдемократската и либерална идеологија", пишува новинарот на Фејсбук.

523

„Глупоста, да ги наречеш луѓето во Платформата 12.05 за предавници на СДСМ и одработувачи на Мицкоски, е немерлива!”,  напиша новинарот Љубиша Николовски на Фејсбук.

Николовски важи за новинар кој често ја критикува владата на ВМРО-ДПМНЕ, а некои го сметаат и за поддржувач на СДСМ.






„А обвинувањето дека Петар Арсовски ‘се продал за вечера’ – додава новинарот – е самоубиствен потег на прекинување на врските со сите релевантни аналитичари кои со децении се подметнуваат во јавниот простор во одбрана не на СДСМ, туку на социјал-демократската и либерална идеологија, додека повеќето од тие ‘структури’ на тесното партиско раководство дремеа во канцелариите на Бихаќка, чекајќи да фатат некое добро платено место во општеството!”

Поврзани содржини