МОЏТАБА ХАМНЕИ САКА ДА ПРИСУСТВУВА НА ПОГРЕБОТ НА ТАТКА СИ Војската е уверена дека Израел ќе се обиде да го убие

Хамнеи не присуствуваше на погребот во Техеран на неговата сопруга, која беше убиена заедно со нивниот син тинејџер и други роднини во американско-израелски напад на првиот ден од војната.

309

Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, изрази желба да присуствува на погребот на својот татко, ајатолахот Али Хамнеи, на 9 јули во шиитското светилиште „Имам Реза“ во градот Машхад, изјавија денеска за „Њујорк тајмс“ два неименувани извори од Револуционерната гарда на Иран (ИРГК) запознаени со организацијата на погребот.

Според овие два извори, безбедносните сили засега ја отфрлаат идејата, плашејќи се дека Израел би можел да се обиде да го убие Хамнеи за време на церемонијата или да ги следи неговите движења до неговото скривалиште, објавува „Тајмс оф Израел“.






Моџтаба Хамнеи беше ранет во нападот во кој беше убиен неговиот татко и не е виден во јавноста откако во март беше именуван за нов врховен лидер на Исламската Република, а неговото здравје беше предмет на многу шпекулации.

Хамнеи не присуствуваше на погребот во Техеран на неговата сопруга, која беше убиена заедно со нивниот син тинејџер и други роднини во американско-израелски напад на првиот ден од војната.

Поврзани содржини