ЛАПНАЛ ПАКЕТЧЕ ТЕШКА ДРОГА ЗА ДА ГО СОКРИЕ ОД ПОЛИЦИЈАТА? Во Струга уапсен жител на Чегране

Според информациите од полицијата, С.Д. во устата ставил паковка со бела прашкаста материја, која најверојатно требало да ја сокрие од контролата.

120

Дваесет и шестгодишен жител на гостиварското село Чегране беше уапсен вчера на кејот „8 Ноември“ во Струга, откако се обидел да сокрие сомнителна дрога во устата кога ги забележал полициските службеници.
Според информациите од полицијата, С.Д. во устата ставил паковка со бела прашкаста материја, која најверојатно требало да ја сокрие од контролата.
По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а ќе се утврдува и за каква дрога станува збор.

Поврзани содржини