СЕ ГРАДИ ЗАТВОРЕН БАЗЕН ВО ОУ „АЦО ШОПОВ“ ВО РАДИШАНИ Мицкоски на поставувањето камен темелник

Денеска овде во Бутел се почнува нешто ново, базен, се довршува нешто што веќе е започнато, доградбата на училиштето „Ацо Шопов" и мислам дека сето ова ќе додаде вредност во квалитетот на животот на луѓето од Општина Бутел од овој дел од Радишани.

121

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставување на камен темелник на изградба на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“, во Општина Бутел.

– Денеска овде во Бутел се почнува нешто ново, базен, се довршува нешто што веќе е започнато, доградбата на училиштето „Ацо Шопов” и мислам дека сето ова ќе додаде вредност во квалитетот на животот на луѓето од Општина Бутел од овој дел од Радишани.






Чувствувам дека со овие проекти успеваме, полека но сигурно, да обезбедиме подобри услови за живот на граѓаните во сите општини низ целата територија на државата, тоа значи дека проектот ја постигнал својата цел полека но сигурно ги завршуваме со воведување во работа или поставување камен темелник оние проекти коишто сè уште кои не беа отпочнати, оние коишто се отпочнати ги завршуваме и веќе размислуваме за следната 2027 година да реплицираме слична ваква иницијатива бидејќи навистина се покажа како успешна – рече Мицкоски.

Тој им честита на сите инволвирани во проектот за успешната работа.

– Можам да кажам од името на Владата е дека остануваме посветени и во периодот којшто следи на реализирање на проекти и на исправање на сите оние недостатоци коишто, за жал, во минатото се таложеа – рече Мицкоски.

Фото: Влада на РМ
Поврзани содржини