НИКОГАШ НЕ СУМ РЕКОЛ КОЈ ЌЕ БИДЕ СЕКРЕТАР ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ Мицкоски вели дека посочениот Димитар Димовски е една од жртвите на политичката хајка на претходната власт

Прво, јас никаде не кажав кој ќе биде тој што ќе го управува делот за добро владеење. Реков дека, како што ќе имаме секретар кој врши мониторинг на реализацијата на програмата на Владата, ќе имаме и секретар за добро владеење. Нема да биде истото лице - рече Мицкоски.

2

Премиерот Христијан Мицкоски не потврди дека Димитар Димовски, обвинет и ослободен од вина во предмети на обвинителствата, ќе биде именуван за секретар за добро владеење во Владата, откако беше прашан за информациите дека токму тој ќе ја извршува оваа функција во неговиот кабинет.

– Прво, јас никаде не кажав кој ќе биде тој што ќе го управува делот за добро владеење. Реков дека, како што ќе имаме секретар кој врши мониторинг на реализацијата на програмата на Владата, ќе имаме и секретар за добро владеење. Нема да биде истото лице – рече Мицкоски.






Во однос на Димитар Димовски, премиерот посочи дека својот став за него веќе го кажувал во минатото и не сака повторно да го коментира.

– Димитар Димовски, како и десетици и стотици луѓе од претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ кои беа дел од политичка хајка на криминалната влада на СДСМ и ДУИ, кои СЈО го користеа како политичка алатка, сум го коментирал многупати во минатото и нема да го коментирам – изјави Мицкоски.

Димовски во моментов е дел од Кабинетот на премиерот на позицијата „секретар за јавни политики, координација и следење на реализацијата на програмата на Владата“.

СДСМ претходно обвини дека со најавената реконструкција на владата Димитар Димовски ќе биде иден секретар за добро владеење, иако е условно осуден за злоупотреба на службена положба и оовластување во случајот „Топлик”, кој се однесуваше на продажбата на државно земјиште во „Сончев град” во Сопиште. Димовски бил и меѓу обвинетите за случајот „Шпански скали”, поврзан со злоупотреби при продажба на државно земјиште на скопскиот плоштад, но во тој случај е ослободен од обвинение.

Поврзани содржини