🎥 ВОЗЕНИМИРУВАЧКО • УМРЕ ВОЗАЧОТ ШТО БЕШЕ ЛИНЧУВАН, ОТКАКО ЗГАЗИ 17 ЛУЃЕ Насобраните го претепаа до смрт

Во инцидентот во Кабо Сан Лукас, Мексико биле повредени 17 лица. Веднаш по судирот, дел од насобраните го нападнале возачот, нанесувајќи му тешки телесни повреди.

49

Возачот кој е осомничен дека влетал со автомобил во насобрана маса луѓе за време на прославата по повод Светското првенство во Кабо Сан Лукас, Мексико, им подлегнал на повредите откако, според локалните власти, бил претепан од присутни граѓани.

Во инцидентот биле повредени 17 лица. Веднаш по судирот, дел од насобраните го нападнале возачот, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Инцидентот се случи на 24 јуни, а вчера беше соопште но дека возачот им подлегнал на повредите.






Тој бил пренесен во болница во критична состојба, но подоцна починал како последица на повредите.

Локалните власти соопштија дека истрагата е во тек и дека паралелно се испитуваат околностите под кои возилото влетало во толпата, како и нападот врз возачот. Засега не се соопштуваат дополнителни детали за мотивите или за евентуални приведени лица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patriot Press 24 (@patriot.press24)

Поврзани содржини