🎥 ВИРАЛЕН МОМЕНТ ОД ВИП-ЛОЖИТЕ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО Мајтапи со Едвард Нортон и Бред Пит на социјалните мрежи
„Зошто Едвард Нортон зборува сам со себе“, се поставува прашање во еден од коментарите, алудирајќи на познатиот филм „Боречки клуб“ од 1999 година, во кои заедно настапија Брад Пит и Едвард Нортон.
Снимката од двајцата холивудски актери Бред Пит и Едвард Нортон, кои од ВИП-ложа на стадионот „Софи“ во Инглвуд го следеа натпреварот од Светското првенство во фудбал помеѓу САД и Турција, стана вирална и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Двајцата актери глумеа заедно во култниот филм „Боречки клуб“ од 1999 година, што дополнително го зголеми интересот на јавноста за нивната средба и инспирира разни коментари.
Кратко откако снимките од натпреварот се појавија на социјалните мрежи, почнаа да се шират мемиња кои потсетуваа на познатиот филмски пресврт, во кој ликот на Едвард Нортон всушност разговара сам со себе, бидејќи ликот на Бред Пит е неговото алтер-его.
„Зошто Едвард Нортон зборува сам со себе“, „Не се опоравил од 1999 година“, „Едвард Нортон повторно се бореше сам со себе“, „Продолжение на „Боречки клуб““, беа некои од коментарите.
Потоа следеа фотошопирани фотографии на кои Бред Пит беше избришан, како и клип со вештачка интелигенција на кој познати актери се борат во ВИП ложа.
Edward Norton talking to himself at the game pic.twitter.com/plInwmHETv
— CoveredGeekly (@CoveredGeekly) June 26, 2026
Наптпреварот САД-Турција од последното коло од групната фаза на Светското првенство заврши со победа на Турција со 3-2.
— dmalvaez (@dmalvaez) June 26, 2026
Why is Edward Norton talking to himself? pic.twitter.com/kERdALSZuX
— Troll Football (@TrollFootball) June 26, 2026