🎥 ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,2 СТЕПЕНИ И ВО ЈАПОНИЈА Најмалку 4 лица се повредени

Епицентарот на земјотресот бил во близина на брегот на префектурата Ивате, на длабочина од околу 50 километри.

114

Најмалку четири лица се повредени во земјотресот со јачина од 7,2 степени што го погоди регионот Тохоку во североисточна Јапонија синоќа, според Јапонската метеоролошка агенција и локалните противпожарни служби.

Во соопштението се наведува дека по земјотресот не е издадено предупредување за цунами, објави Кјодо.






Епицентарот на земјотресот бил во близина на брегот на префектурата Ивате, на длабочина од околу 50 километри.

Компанијата „Тохоку Електрик Пауер“ објави дека земјотресот не влијаел врз работата на нуклеарните централи Онагава и Хигашидори.

„Источна Јапанска Рејлеј“ објави дека запрела некои возови по земјотресот.

Поврзани содржини