📷 СЕ ДОТЕРУВА ЕДЕН ОД НАЈПОСЕТУВАНИТЕ ПАРКОВИ ВО КАРПОШ Нови клупи, корпи и летниковци во „Македонија“

Обврска на Град Скопје е парковите да бидат чисти, уредени, безбедни и достојни за сите посетители, порача градоначалникот Ѓорѓиевски потсетувајќи дека токму во овие катчиња кои се бели дробови на градот растат децата и нивните спомени.

92

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека се почнати активности за уредување на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во Карпош, каде се поставува нова урбана опрема – клупи, корпи за отпадоци, како и уредување на летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани.

Фото: Град Скопје





„Го уредуваме еден од најубавите паркови во Скопје. Парковите се белите дробови на градот. Таму децата растат, семејствата создаваат спомени, младите се дружат, а повозрасните наоѓаат мир, сенка и простор за одмор. Токму затоа, започнавме со уредување на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во Карпош, каде поставуваме нова урбана опрема – клупи, корпи за отпадоци, како и уредување на летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани“, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Фото: Град Скопје

Нашата обврска, додаде тој, е парковите да бидат чисти, уредени, безбедни и достојни за сите посетители.

„Затоа редовно ги одржуваме зелените површини кои се под надлежност на Град Скопје, но истовремено упатувам и апел до сите граѓани – да ги чуваме парковите како свој дом. Само со совесен однос можеме да имаме поубав, почист и позелен град“, нагласи градоначалникот.

Поврзани содржини