ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ ВО ПРЕКИН Корисници од повеќе земји пријавуваат дека не можат да пристапат

Илјадници корисници утрово пријавија проблеми со Фејсбук, Инстаграм и Месинџер. Дел од нив воопшто не можат да се најават, додека други добиваат порака дека страницата моментално не е достапна.

125

Проверувањето на Фејсбук утрово за многумина заврши со порака за грешка наместо со нови објави. Според платформата Downdetector, проблемите почнале околу 9:30 часот по источноамериканско време, кога нагло се зголемил бројот на пријави од корисници кои не можеле да пристапат до Фејсбук, Инстаграм и Месинџер.

Многумина при обидот за најавување добиле порака:






„Оваа страница моментално не е достапна.“

Засега нема официјално објаснување за причините за прекинот, ниту информација кога услугите ќе бидат целосно нормализирани.

Дел од корисниците имале проблеми и со апликцијата WhatsApp.

Ваквите прекини редовно предизвикуваат лавина реакции на други социјални мрежи, каде корисниците проверуваат дали проблемот е кај нивните уреди или станува збор за поширок пад на системот.

Сепак, ваквите прекини не се невообичаени за технолошкиот гигант на Марк Закерберг. Бидејќи Facebook, Messenger, Instagram и WhatsApp користат дел од истата инфраструктура, дефект во еден сегмент од системот често предизвикува проблеми и кај останатите услуги.

Поврзани содржини