📽️ ПОЧИНА „СРЦКА“, ЛЕГЕНДАТА НА СКОПСКИТЕ ТЕРЕНИ Си замина човекот кој „одигра“ над 10.000 натпревари на свој начин

Почина Светислав Димовски – „Срцка“, легендарна фигура на скопските спортски терени, кој повеќе од 60 години беше дел од кошаркарски, ракометни и бокс натпревари во Скопје.

252

На 80-годишна возраст почина Светислав Димовски, попознат како „Срцка“, легендарна и една од најпрепознатливите фигури на скопските спортски терени.

Димовски, кој зад себе остави повеќе од шест децении присуство на спортските настани во Скопје, не беше професионален спортист, но беше неизбежен дел од секој значаен натпревар во кошарка, ракомет и бокс, каде извршуваше улоги на редар и лице задолжено за одржување на теренот.






Во својата „кариера“ како што го нарекуваа спортските работници и љубители, тој има присуствувано на повеќе од 10.000 натпревари, поминувајќи низ генерации спортисти кои, како што велат, секогаш ја ценеле неговата посветеност и поддршка.

– Зад себе има повеќе од 10.000 натпревари, а во својата кариера „смени“ многу генерации кои беа благодарни за поддршката која постојано ја добиваа од чичко Славе – се наведува во сеќавањата на неговите блиски.

„Срцка“ беше познат и по своето постојано присуство на различни настани, не само спортски, во последните 60-тина години. Неговата животна приказна е испреплетена со фотографии и спомени со стотици познати личности, а неговиот дом беше исполнет со бројни спортски реликвии.

Семејството и пријателите го опишуваат како омилена личност меѓу сите што некогаш стапиле во контакт со него.

Погребот ќе се одржи утре на гробиштата во Бутел, со почеток во 12 часот.

Поврзани содржини