ТРАМП ПРОГЛАСИ ПОБЕДА НАД ИРАН „Ја добивме војната, не ни беше потребна помош од Европа“

Трамп очекува договорот со Иран да биде потпишан во наредните денови и рече дека „документите се блиску до конечна форма“.

96

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ја добија војната во Иран и дека за тоа не им е потребна помошта од Европа.

Тој ова го изјави за италијанскиот „La7 Omnibus“, кога беше запрашан што би им рекол на лидерите на групата Г7, вклучувајќи ги Италија и Франција, во врска со недостатокот на поддршка во управувањето со кризата со Техеран.






– Ја добивме војната во Иран, не ни беше потребна помошта од Европа. Нивната помош беше неважна – рече Трамп.

Трамп вчера изјави дека очекува договорот со Иран да биде потпишан во наредните денови, дека „документите се блиску до конечна форма“ и дека церемонијата може да се одржи „некаде во Европа“ и дека на неа ќе присуствува потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс.

Поврзани содржини