СО 300 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Е НАЈПЛАТЕН НА МУНДИЈАЛОТ Роналдо е финансиски крал на фудбалот
„Форбс“ ја објави листата на најплатени фудбалери кои ќе настапат на Светското првенство 2026 – Роналдо убедливо на врвот со 300 милиони долари годишен приход.
Четириесет и едногодишниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо е најплатениот играч кој ќе настапи на Светското првенство 2026, објави „Форбс“.
Според податоците, годишниот приход на напаѓачот на португалската репрезентација во периодот јуни 2025 – јуни 2026 изнесува 300 милиони долари. Од нив, 235 милиони долари се од плата и бонуси на теренот, додека 65 милиони долари доаѓаат од приходи надвор од фудбалските терени.
На второто место се наоѓа 38-годишниот Аргентинец Лионел Меси со вкупни 140 милиони долари (70 милиони на теренот и 70 милиони надвор од него).
Трет е 27-годишниот Французин Килијан Мбапе со 95 милиони долари (70 милиони на теренот и 25 милиони надвор од теренот).
Четвртото место го зазема Норвежанецот Ерлинг Халанд со 80 милиони долари, додека петти е Бразилецот Винисиус Жуниор со 60 милиони долари.