📽️ СТОЛБОВИ ВИСОКИ И ДО 61 МЕТАР ЗА ПРУГАТА БЕЉАКОВЦЕ-КРИВА ПАЛАНКА Македонија е способна за големи подвизи

На делницата Бељаковце - Крива Паланка се градат мостови со столбови високи до 61 метар – повисоки од повеќекатници во урбана средина. Во изградбата ќе бидат вградени десетици илјади тони железо и 125.000 кубни метри бетон, вели вицепремиерот и министер за транспорт во објавата истакнувајќи дека Македонија е способна за големи подвизи.

121

Изградбата на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка претставува „инженерско чудо“ и доказ дека државата е способна за реализација на големи инфраструктурни проекти, напиша вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на неговиот Фејсбук профил.

Во објава, придружена со видео од градежните активности, Николоски посочува дека на оваа делница се изведуваат сложени градежни зафати.






„На делницата Бељаковце – Крива Паланка се градат мостови со столбови високи до 61 метар – повисоки од повеќекатници во урбана средина. Во изградбата ќе бидат вградени десетици илјади тони железо и 125.000 кубни метри бетон“, наведе Николоски.

Тој нагласува дека проектот не е само транспортна инфраструктура, туку и симбол на капацитетите на државата.

„Ова не е само железница, ова е инженерско чудо и доказ дека Македонија е способна за големи подвизи“, истакна Николоски во објавата.

Железничката делница Бељаковце-Крива Паланка е дел од пругата кон Бугарија, која се гради во рамки на паневропскиот Коридор 8 и опфаќа изградба на мостови, тунели и придружна инфраструктура.

Поврзани содржини