МЕДЕНИОТ МЕСЕЦ НА ДУА ЛИПА И КАЛУМ ТАРНЕР Пејачката и актерот уживаат во хотел во кој е снимена втората сезона на „Белиот Лотус“

Дуа Липа и Калум Тарнер беа забележани на нивниот луксузен меден месец на Сицилија, во хотел кадешто ноќевање чини и до 4.600 евра

84

Шест дена по нивната формална венчавка во Лондон, пејачката Дуа Липа и актерот Калум Тарнер разменија завети на огромна прослава во средновековната Вила Валгуарнера во Багерија, источно од Палермо.

По нивната тридневна свадба, Дуа и Калум сега отпатуваа надвор од Палермо за да уживаат во нивниот меден месец, во еден од најлуксузните хотели во Италија – местото каде што беше снимена втората сезона на популарната серија „Белиот лотос“ (The White Lotus).






Тие престојуваат во хотелот „Сан Доменико Палас“ во Таормина, кој работи под брендот „Фор Сизонс“ и е познат по спектакуларната локација и погледот кон Јонското Море, а цените за ноќевање достигнуваат и до 4.600 евра.

Липа и Калум биле фотографирани покрај базен на хотелот, каде што разменувале прегратки и бакнежи, уживајќи во романтичната атмосфера на сицилијанскиот брег.

На Интернет се раширија и фотографиите што ги објави ресторанот Il Convivio Tropea, кадешто тие вечерале, а Дуа Липа се фотографирала со персоналот.

– Толку е неверојатно, но горди сме што имавме уметник од таков квалитет за вечера! Ни претставува чест што бевме избрани, ДИРЕКТНО ОД НЕА (без никакви препораки), како станица за вечера за време на нејзиниот прекрасен меден месец.

Ваквите можности нè тераат да сфатиме колку е важно да се грижиме за нашето Тропе! Ви благодариме, ДУА ЛИПА и КАЛУМ ТАРНЕР, за вашата љубезност – напишаа од ресторанот покрај објавата на Инстаграм.

Поврзани содржини