ЕПСТИН СЕ ОБИДЕ ДА МЕ УЦЕНУВА, ВЕЛИ БИЛ ГЕЈТС Престапникот знаел кој е најголемиот „грев“ на милијардерот

Коосновачот на „Мајкрософт“ сведочел пред конгресна комисија и изјавил дека Џефри Епстин се обидел да го искористи неговото неверство за повторно да воспостави врска и соработка со него.

106

Познатиот милијардер Бил Гејтс изјави дека сексуалниот престапник Џефри Епстин се обидел да го уценува со чувствителни информации од неговиот приватен живот.

– Никогаш не сум бил сведок ниту имал индикации дека Епстин бил вклучен во тековни криминални активности. Никогаш не сум бил на неговиот остров, ранч или дом во Флорида. Никогаш не сум жртвувал никого – изјавил Гејтс сведочејќи пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на САД.






Според неговиот исказ, Епстин подоцна дознал информации за неверството на Гејтс во бракот со Мелинда Френч Гејтс.

„Се обиде да ме принуди“

Гејтс тврди дека Епстин се обидел да ги искористи тие информации за повторно да воспостави соработка.

– Како што јавноста сега може да види од објавените документи, Епстин се обиде да ги искористи информациите за моето неверство, заедно со многуте лаги што ги изгради врз нив, за да ме принуди повторно да соработувам – навел Гејтс во својата изјава.

Тој додал дека обидот не успеал, но покажал како Епстин ги користел контактите со влијателни луѓе за свои цели.

Средбите почнале во 2011 година

Гејтс изјавил дека првите средби со Епстин ги имал во 2011 година.

Според него, мотивот бил обид преку неговите контакти да обезбеди поддршка за глобални здравствени проекти и филантропски иницијативи.

– Фокусот секогаш беше на фактот дека тој познавал многу богати луѓе и тврдеше дека може да ги натера да донираат пари за глобалното здравство. Гледано од денешна перспектива, тоа беше ќорсокак – изјавил Гејтс.

Случај што продолжува да отвора прашања

Односот меѓу Гејтс и Епстин повторно дојде во фокусот по објавувањето на документи поврзани со случајот.

Комисијата се обидува да утврди дали Епстин користел компромитирачки информации за влијателни личности и дали преку такви методи градел мрежа на влијание.

Поврзани содржини