Ѝ СЕ СЛОШИЛО И ПОЧИНАЛА ВО УЧИЛИШТЕ ВО ЦРЕШЕВО Лекари констатирале смрт кај 57-годишната вработена
57-годишна вработена во основно училиште во скопското село Црешево починала откако ѝ се слошило на работното место, а лекарите констатирале смрт без видливи траги на насилство.
Во основно училиште во скопското село Црешево, починала 57-годишната В.Ѓ., вработена во училиштето, откако ѝ се слошило додека била на работа.
Настанот бил пријавен во СВР Скопје во 11:35 часот, по што на местото интервенирале полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош.
Лекарите констатирале смрт без видливи траги на насилство. По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.