БУГАРИЈА ЈА ЗАПИРА ВОЕНАТА ПОМОШ НА УКРАИНА Дадовме доволно, вели Радев

Објаснувајќи ја својата одлука бугарскиот претседател рече дека „решение на конфликтот не може да се постигне со воени средства“.

165

Владата го прекинува обезбедувањето оружје од бугарската армија за Украина. Ова го изјави премиерот Румен Радев на почетокот на денешната седница на Советот на министри на ЕУ.

– Веќе дадовме доволно, а нашата земја продолжува да трпи социо-економски штети од оваа крвава војна – рече Радев, кој е убеден дека „решението на конфликтот не може да се постигне со воени средства“.






Одлуката засега ја коментираат странските медиуми. Според „Блумберг“, одлуката на новата бугарска влада да престане да ѝ обезбедува оружје на Украина, е во спротивност со напорите на европските земји да го зголемат притисокот врз Русија за прекин на војната.

Политико забележува дека овој курс го зајакнува поскептичниот став на Софија кон воената поддршка за Киев, во контекст на пошироките политики на Европската Унија. Порталот потсетува дека Бугарија обезбедила 13 пакети воена помош за Украина од почетокот на руската инвазија во 2022 година, но исто така ги истакнува критичките ставови на претседателот Румен Радев, кој ја дефинираше украинската кауза како „осудена на пропаст“.

Поврзани содржини