СЕ ЈАВИ СУДИЈАТА АРТАН КОЈ ПО 11 ЧАСА НЕ ВЛЕЗЕ НА МУНДИЈАЛОТ „Само сакам да го остварам мојот сон“

Многу сум разочаран. Јас сум само судија, кој се обидува да го оствари својот сон, најголемиот сон во животот да бидам дел од Светско првенство, изјави сомалискиот судија Омар Артан.

77

Сомалискиот судија Омар Артан изјави дека минал 11 часовен разговор пред да биде спречен да влезе во САД. Фудбалскиот судија од Сомалија требаше да суди на Светското првенство, имаше „валидни документи и виза. Но, тој е „тргнат“ од листата откако му беше забранет влез во САД на Меѓународниот аеродром во Мајами.

Американските имиграциски власти не објавија зошто е одбиен, а Сомалија е една од државите на кои администрацијата на Доналд Трамп им забранува патување во САД.






– Многу сум разочаран. Јас сум само судија, кој се обидува да го оствари својот сон, најголемиот сон во животот да бидам дел од Светско првенство, изјави Артан.

Артан е судија со знакот на ФИФА од 2018 година, а има судено натпревари и на Африканскиот куп на нации.

Поврзани содржини