80-ГОДИШЕН МАЖ СИЛУВАЛ 14-ГОДИШНО ДЕТЕ Вознемирувачки случај во Валандовско, кривична за осомничениот

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против 80-годишен жител на гевгелиско, кој е осомничен дека на крајот од мај извршил полови дејствија врз 14-годишно дете во валандовско село.

265

Осумдесетгодишен жител на гевгелиско се соочува со кривична пријава под сомнение дека извршил полови дејствија врз 14-годишно дете во валандовско село.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднела кривична пријава против Р.Ј. (80) од гевгелиско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.






Според информациите од полицијата, на 31 мај годинава во село во валандовскиот регион, пријавениот извршил полови дејствија врз 14-годишник од истото подрачје.

За случајот е известено надлежното обвинителство, а против осомничениот е поднесена кривична пријава. Надлежните институции продолжуваат со преземање мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини