СИЛАТА НАВИСТИНА БИЛА ВО СТОЈНА Жената што нелегално наплаќа влез во Куклица била носител на советничка листа за општина Кратово

Лидерот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев, ја промовирал кандидатурата на Стојна за Носител на советничката листа.

1,347

Стојна Димитровска Боотх, која со години нелегално наплаќa влез за природниот локалитет Куклица, била носител на Советничката листа на партијата Единствена Македонија за Општина Кратово, на локалните избори во 2025 година.

Во објавата во која лидерот на партијата, Јанко Бачев, ја промовира кандидатурата на Стојна за Носител на советничката листа, се наведува: „Кратово заслужува нов лик. На Кратово му требаат некои други од тие едни исти што 35 години ги гледате. На Кратово му треба чесно, одговорно и транспарентно работење. Стојна е една од вас, има мисија да биде глас на граѓаните, за општина во која секој ќе се чувствува слушнат и почитуван, за Кратово сакано од кратовчани и почитувано од сите други“.






Општина Кратово вчера соопшти дека во март оваа година добила правосилна пресуда против двете лица кои ги узурпираат влезот и брвнарата на локалитетот Куклица и нелегално наплаќаат за влез, но се чека исходот од обжалувањето на пресудата.

На социјалните мрежи граѓани револтирано реагираа за овој проблем кој се провлекува подолго време и бараа надлежните да застанат на патот на узурпаторите.

Пресудата од 12 март предвидува осомничените Стојна Димитровска Боотх и нејзиниот татко Милош Димитровски заедно со здружението „Извор“ од Кратово во рок од 15 дена од правосилноста да му го предадат на Музејот на град Кратово објектот, како и дрвената куќичка брвнара и да го ослободат просторот од сите предмети и ствари.

OПШТИНАТА УШТЕ ВО МАРТ ГИ ДОБИЛА НА СУД „ГОСПОДАРИТЕ“ НА КУКЛИЦА Стојна и Милош ја обжалиле пресудата, се чека исход

 

НИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА НЕ ГИ СПРЕЧУВА ДА НАПЛАЌААТ НА ДИВО ВЛЕЗ ВО КУКЛИЦА Граѓани бараат итна реакција од надлежните

Поврзани содржини