НИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА НЕ ГИ СПРЕЧУВА ДА НАПЛАЌААТ НА ДИВО ВЛЕЗ ВО КУКЛИЦА Граѓани бараат итна реакција од надлежните

Општина Кратово лани поднела кривична пријава против две лица кои подолг период вршеле кривични дела на узурпација, присвојување и неосновано користење на Дрвена куќичка (Брвнара) во локалитетот Камени кукли во селото Куклица, каде користеле определени права на стопанисување, но досега надлежните не го решиле проблемот.