НОВО МУЛТИФУНКЦИОНАЛНО ИГРАЛИШТЕ ВО КУМАНОВО Донација од Флекс крдит за учениците

66

Новото мултифункционално спортско игралиште во дворот на ООУ „Браќа Миладиновци“ во Куманово, реализирано со поддршка на финансиското друштво Flex Credit како генерален спонзор и донатор на проектот, свечено беше пуштено во употреба во средата, 3 јуни.

Новото игралиште ќе го користат учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Крсте Мисирков“, а неговата посебна вредност е инклузивниот пристап што овозможува активно користење и од страна на учениците од помошниот ресурсен центар за деца со посебни образовни потреби. Со тоа се создава безбеден и достапен простор каде сите деца ќе имаат можност за спорт, рекреација и дружење.






По повод отворањето беше организиран ревијален натпревар во рамки на програмата „Забавни мини спортови“, преку кој учениците ги претставија можностите на новите терени за кошарка, одбојка и ракомет, под менторство на наставниците по физичко образование.

На настанот присуствуваа претставници на училиштата, Општина Куманово, ЈП „Куманово План“, како и претставници на менаџментот на Flex Credit.

Проектот е реализиран во рамки на платформата за општествена одговорност на компанијата „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, преку која Flex Credit инвестира во иницијативи што создаваат долгорочна вредност за локалните заедници.

– За нас ова е многу повеќе од донација. Преку платформата „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“ сакаме да оставиме трајни позитивни промени таму каде што се најпотребни. Веруваме дека секое дете заслужува квалитетен простор за игра, спорт и развој, а особено ни е драго што ова игралиште ќе биде достапно за сите деца без исклучок. Ова е инвестиција во младите, во нивното здравје, другарство и иднина – изјави Тина Трпковска, маркетинг директор на Flex Credit.

Во знак на благодарност за поддршката и придонесот во реализацијата на проектот, на претставниците на Flex Credit им беше врачена благодарница од раководствата на училиштата.

Поврзани содржини