🎥 БИВШИОТ НА ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ЧЕКА ОСМО ДЕТЕ Марк Ентони и неговата 27-годишна сопруга направија раскошна забава за бебето

Марк Ентони го очекува своето осмо дете, а второ со 30 години помладата сопруга, парагвајската убавица Надиа Фереира. Тие направија „baby shower“, забава во розево, која изгледа како да е дел од некоја бајка.

144

Педесетиседумгодишниот Марк Ентони (вистинското име му е Марко Антонио Муњиз), кој важи за еден од најуспешните латиноамерикански музичари во светот, го очекува своето осмо дете. Со 30 години помладата сопруга, парагвајската убавица Надиа Фереира, со која се во брак од 2023-та година веќе имаат едно заедничко дете, синот Маркито.

Инаку, музичарот има и две возрасни деца со поранешната девојка Деби Росадо и две возрасни деца од бракот со поранешната Мис Универзум Дајанара Торес. Тој има и близнаци тинејџери со поранешната сопруга Џенифер Лопез.

Овојпат, тој и неговата сопруга направија раскошна „baby shower“ забава. Според фотографиите и видеата што ги објавија на социјлните мрежи, забавата била исполнета со многу игри кадешто татковците менуваат пелени на кукла, ги хранат сопругите со бебешки кашички, а на крајот сечат огромна торта во форма на бебешка количка. Целиот простор е украсен во розево и изгледа како да е дел од некоја бајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nadia Ferreira (@nadiaferreira)

Освен што целиот простор бил тематски декориран во розева боја, со оглед на тоа што очекуваат девојче, се гледаат и масите украсени со цвеќиња, кристални свеќници и уште многу други декорации, како и цветни аранжмани во форма на мече и буквата М.

26-годишната трудница била облечена во долг розев фустан, а Марк Ентони носи пастелно розево одело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nadia Ferreira (@nadiaferreira)

 

Поврзани содржини