ЗА МИРОТ ЌЕ ОДЛУЧАТ ХЕРОИТЕ НА ФРОНТОТ Лавров го нарече непристојно писмото на Зеленски до Путин

Русија порача дека исходот од војната во Украина нема да биде решен на преговарачка маса, туку на бојното поле.

194

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека за развојот на конфликтот ќе одлучува оружјето, а не разговорите. Кремљ го отфрли и европскиот мировен предлог поддржан од Киев.

– Сè не зависи од преговорите, туку од постапките на нашите херои на фронтот – гласеше изјавата на Лавров.






Шефот на руската дипломатија исто така остро реагираше на отвореното писмо што украинскиот претседател Володимир Зеленски му го испрати на Владимир Путин со предлог за директна средба. Во писмото Зеленски го повика Путин на преговори во неутрална земја и прекин на огнот за време на преговори.

Според Лавров, самиот факт што писмото било јавно објавено покажувал дека Киев нема вистински интерес за преговори.

– Пристојни луѓе така не се однесуваат – изјави Лавров.

Тој ја повтори и претходната позиција на Путин дека клучот за исходот од војната не лежи во преговорите, туку во случувањата на фронтот.

„Ем зборуваат за мир, ем за оружје за Украина“

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ја отфрли заедничката иницијатива на Украина, Франција, Германија и Велика Британија за прекин на огнот и почеток на мировни разговори.

Според Песков, европските лидери испраќаат контрадикторни пораки бидејќи истовремено зборуваат за мир и ја продолжуваат воената поддршка за Украина.

– Макрон, Стармер и Мерц зборуваат за мир, а во исто време сакаат да помогнат во производство на ново оружје за Украина – рече Песков.

Вашингтон веќе не прави дипломатски напори

Лавров изрази незадоволство и од позицијата на САД, оценувајќи дека Вашингтон не покажува доволен интерес за продолжување на претходните дипломатски договори.

Тој реагираше и на изјавата на американскиот државен секретар Марко Рубио дека САД не можат да бидат неутрален посредник бидејќи ја поддржуваат Украина.

Рубио неодамна изјави дека конфликтот нема воено решение и дека единствениот пат кон мирот води преку дипломатија и компромис.

Поврзани содржини