ОД 6 СТОЛБОВИ НА СДСМ НА КОНГРЕСОТ НЕ ВИДОВМЕ НИШТО Филипче повеќе зборува за Бугарија отколку за социјалдемократија
Политичкиот аналитичар Стефан Милановски оцени дека СДСМ на конгресот не понудил доволно јасна визија за решавање на проблемите на граѓаните. Според него, Филипче е насочен само кон критика на ВМРО-ДПМНЕ во делот на надворешната политика или поконкретно за прашањето со Бугарија.
На конгресот на СДСМ беа испратени несинхронизирани пораки, а лидерот Венко Филипче дефинитивно треба да посети некој курс за ПР ако не можат неговите да му помогнат во тоа.
Ваква е оценката за вчерашниот партиски конгрес на опозициската СДСМ од политичкиот аналитичар Милан Стефановски.
– Едноставно во фокус не беа шесте столбови кои евентуално би биле реални одговори и решенија на проблемите на граѓаните. Јавноста нема увид кои се тие шест столбови и кој е бенефитот од нив за државата – вели Стефановски за „Локално“.
Аналитичарот вели дека СДСМ нема мандат ниту образ да зборува за темата со Бугарија бидејќи во нивното владеење беа потпишани Преспанскиот договор со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија кои, како што влеи тој, ја понижија Македонија.
Според Милановски, актуелната Влада има мандат од граѓаните за силен фокус на реформи и за исполнување на копенхашките критериуми како основен вредносен код за членство во Европската Унија.
Според него државата има јасен план и тоа се гледа по реформската агендиа и по финансиските бенефити кои државата ги има од Унијата.