ИНДИЕЦ ПОЧИНАЛ ВО „ЖЕНА ПАРК“ Прошетка во паркот завршила трагично
79-годишен државјанин на Индија почина во паркот „Жена борец“ во Скопје, соопшти СВР Скопје. Телото е дадено на обдукција по наредба на обвинител.
79-годишниот Х.Р.Г. од Индија е пронајден починат во паркот „Жена борец“ во Скопје, соопшти СВР Скопје.
Настанот бил пријавен на 07.06.2026 година во 22:20 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, каде што е констатирано дека лицето починало.
Според изјавата на 43-годишниот Т.М.Л. од Индија, тој и починатиот се движеле заедно кога Х.Р.Г. одеднаш паднал, по што веднаш била повикана Итна медицинска помош.
Извршен е увид од страна на полициски екипи, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.