ГИ НАТЕПАЛ ЖЕНАТА И БАБАТА, ГО ПУШТИЛ КУЧЕТО ДА ГО НАПАДНЕ ШУРАТА По викенд кај татко му, дете си дошло дома со повреда
Три лица се лишени од слобода, а вкупно шест пријави се поднесени за семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата.
Како што соопшти полицијата, на 08.06.2026 во 01:15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полицајци го лишиле од слобода Д.К.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 07.06.2026 околу 23 часот во домот физички ги нападнал неговата 37-годишна сопруга и нејзината мајка, при што употребил и тврд предмет. Тој се заканувал со остар предмет и кршел дел од покуќнината. Откако пристигнал братот на пријавителката, кого претходно го повикала заедно со нејзиниот татко, брат ѝ бил нападнат и каснат од куче домашен миленик на Д.К., кое намерно го пуштил.
На 08.06.2026 во 03:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена пријавила дека на 07.06.2026 во домот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг И.С.(48).
На 07.06.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје, 54-годишна жена пријавила дека во домот во Скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Н.(64).
На 07.06.2026 во 18:35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит-пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот со остар предмет упатувал закани кон неговата 61-годишна мајка, а потоа откако дошла неговата сестра на двете им упатувал закани.
На 07.06.2026 во 08:13 часот во СВР Скопје, Н.М.(73) од Скопје пријавил дека околу 02:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит-пазар во кој што живееле и нејзиниот брат Н.М.(60) и снаа А.М.(42) започнала вербална расправија, а потоа во домот пристигнале и нејзиниот втор брат Р.М. со неговата сопруга и според пријавеното сите физички ја нападнале. Исто така, на 07.06.2026 во 15:00 часот, А.М.(42) пријавила дека околу 00:30 часот во домот, по претходна расправија, била физички нападната од Н.М., а потоа откако во домот пристигнале Р.М. и неговата сопруга С.М., Н.М. физички ја нападнала и С.М..
На 07.06.2026 во 23:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.Ј.(43) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 37-годишна поранешна сопруга која забележала повреда кај нивното дете, по поминат викенд со него. Тој бил приведен во полициска станица и известен бил јавен обвинител.
Полицијата презема мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.