„АЛКАЗАР“ РАБОТИ НА ТЕРЕН НА ВЕТЕРНИОТ ПАРК ВО ШТИП Мицкоски најави сличен проект со истиот инвеститор од половина милијарда евра
Премиерот очекува земјава да стане нето - извозник на струја до крајот на годинава.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека интензивно се работи на ветерниот парк на компанијата „Алказар Енерџи“ во Штип и набрзо ќе можат да се видат првите резултати.
Премиерот рече дека се работи на повеќе енергетски проекти, а еден од нив е токму ветерниот парк.
-Мандатот го започнавме со овој проект кој се простира на површина од три општини. Теренските работи се во тек. Овој месец ќе го посетиме и ќе може да се види до каде се работите. Финансиската конструкција е завршена од околу половина милијарда долари – рече Мицкоски.
Тој најави и нова инвестиција на истиот инвеститор.
-Работиме со истиот инвеститор и ќе имаме уште еден ваков сличен проект во североисточниот дел од земјата со слична финансиска конструкција од половина милијарда долари- рече Мицкоски.
Премиерот рече дека цел на владата е земјата да стане нето извозник на струја, а на граѓаните да им обезбеди поевтина за околу 5% струја.
-Наша цел е оваа година за прв пат да бидеме на крајот на годината нето извозник на електрична енергија. Добро е што ЕСМ се консолидира и во првата половина од кодината очекувам да има позитивни резултати и да има 6-7 милиони евра добивка. Акумулациите се консолидирани. тие денеска се на 80% исполнети . а имаме и редовно наводнување – рече Мицкоски.