ИНФЛАЦИЈАТА ВО МАЈ ПОРАСНАЛА ЗА 0,6% На годишно ниво изнесува 4,8%
Во мај во однос на април, најголемо зголемување на трошоците на животот е забележан раст кај транспортот од 1,6%,
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај 2026 година во однос на мај 2025 година, бележи зголемување од 4,8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5,6%, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Најголемо зголемување на трошоците на живот на годишна основа има кај транспортот од 11,1%. Кај цените највисок годишен раст од 6,7% има кај земјодлеските производи и непрехранбените прозиводи од 6,4%
Според пресметките на ДЗС, инфлацијата во мај во однос на април пораснала за за 0, 6%, а цените на мало се зголемиле за 0,8%.
Во мај во однос на април, најголемо зголемување на трошоците на животот е забележан раст кај транспортот од 1,6%, потоа кај храната безалкохолните пијалаци и облеката и обувките раст од 1%, кај рекреација, спорт и култура од 0,9%, информации и комуникации од 0,7%, кај рестораните и услугите за сместување од 0,5 %, додека пак, кај здравствена заштита, домување, вода, електрична енергија, гас и други горива зголемувањето е од 0,1%.
Во мај во однос на април намалување на трошоците на животот е забележано во групите Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,4 % и Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0,1%.
Трошоците на животот во групите Услуги за образование, Осигурување и финансиски услуги и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Кај цените највисок месечен раст има кај цените на на земјоделските производи од 4,4%.
| V 2026 Ø2025 |
V 2026 IV 2026 |
V 2026 V 2025 |
I-V 2026 Ø2025 |
I-V 2026 I-V 2025 |
V 2026 XII 2025 |
I-V 2026 XII 2025 |
|
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ВКУПНО | 104.1 | 100.6 | 104.8 | 102.5 | 104.3 | 102.1 | 100.5 |
| Храна и безалкохолни пијалаци | 104.6 | 101.0 | 104.7 | 103.2 | 105.8 | 102.3 | 100.9 |
| Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици | 108.2 | 100.0 | 109.3 | 106.0 | 107.7 | 104.8 | 102.8 |
| Облека и обувки | 102.6 | 101.0 | 102.2 | 101.1 | 102.0 | 101.8 | 100.3 |
| Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива |
102.7 | 100.1 | 102.9 | 102.4 | 102.8 | 101.9 | 101.5 |
| Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата |
103.3 | 99.9 | 104.6 | 103.4 | 105.2 | 100.8 | 100.9 |
| Здравствена заштита | 101.5 | 100.1 | 101.8 | 101.3 | 102.1 | 99.9 | 99.7 |
| Транспорт | 107.1 | 101.6 | 111.0 | 98.8 | 101.2 | 104.0 | 96.0 |
| Информации и комуникации | 101.7 | 100.7 | 102.8 | 100.8 | 102.0 | 99.7 | 98.8 |
| Рекреација, спорт и култура | 104.4 | 100.9 | 105.5 | 102.6 | 105.3 | 101.5 | 99.7 |
| Услуги за образование | 104.7 | 100.0 | 104.6 | 103.5 | 103.4 | 104.8 | 103.7 |
| Ресторани и услуги за сместување | 103.6 | 100.5 | 105.0 | 102.9 | 104.4 | 101.7 | 101.0 |
| Осигурување и финансиски услуги | 101.0 | 100.0 | 101.7 | 101.0 | 101.7 | 100.0 | 100.0 |
| Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги |
101.8 | 99.6 | 102.1 | 101.4 | 102.5 | 100.9 | 100.6 |