НЕНАДЕЈНО ПОЧИНА АРСИМ ЗЕКОЛИ Остави трага во јавниот и политичкиот живот

Арсим Зеколи во пошироката јавност во Македонија и регионот беше препознатлив како истакнат колумнист и коментатор на општествено-политичките процеси, а во својата кариера ја извршуваше и функцијата амбасадор на Северна Македонија при ОБСЕ во Виена.

437

Рано наутро во понеделникот на 60-годишна возраст почина Арсим Зеколи, македонски политички аналитичар и колумнист.

Тажната вест ја објави неговиот брат, д-р Шефкет Зеколи, преку јавно соопштение на социјалните мрежи, информирајќи го семејството, пријателите и најблиските за загубата на нивниот близок.






„Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денеска, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966-2026)“, се наведува во соопштението.

Арсим Зеколи во пошироката јавност во Македонија и регионот беше препознатлив како истакнат колумнист и коментатор на општествено-политичките процеси, а во својата кариера ја извршуваше и функцијата амбасадор на Северна Македонија при ОБСЕ во Виена.

Поврзани содржини