🎥 РАЗОРЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,8 СТЕПЕНИ НА ФИЛИПИНИ Најмалку 15 мртви, разрушени куќи и стравување дека е можно цунами

Филипинската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика (BMKG) објави дека регистрирала бранови до 1,4 метри во шест крајбрежни области и продолжува да ја следи ситуацијата и покрај откажувањето на предупредувањето за цунами.

101

Најмалку 15 лица загинаа во силен земјотрес со магнитуда од 7,8 степени што го погоди јужниот дел на Филипините утрово, а спасувачките операции се во тек откако се урнаа неколку згради.
Епицентарот на земјотресот беше југозападно од Масим во покраината Сарангани на јужниот остров Минданао, објави Институтот за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs). Земјотресот беше силно почувствуван и во градот Генерал Сантос, дом на околу 70.000 жители.

Најмалку 15 лица загинаа, а повеќе од 120 се повредени во јужниот дел на Филипините, според бројките на цивилната заштита. Предупредувања за цунами беа издадени во делови од земјата, но беа повлечени по неколку часа.






– Три лица загинаа во покраината Сарангани и две во покраината Јужен Котабато. Штетата и бројот на жртвите сè уште се проценуваат. Спасувачките операции се во тек. Има извештаи за луѓе заробени во зграда, во училиште, но сè уште не го знаеме точниот број – изјави Родриго Сосмења, раководител на регионалната Канцеларија за цивилна одбрана.

Земјотресот беше почувствуван и во делови од Индонезија, особено на островот Сулавеси, а Јапонија предупреди делови од својот брег на Пацификот за можни бранови. Филипинската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика (BMKG) објави дека регистрирала бранови до 1,4 метри во шест крајбрежни области и продолжува да ја следи ситуацијата и покрај откажувањето на предупредувањето за цунами.

Во источните делови на Индонезија, Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика (BMKG) регистрираше мали цунами бранови на неколку мерни станици. Нивото на морето во областа малку се искачи, а предупредувањe за цунами.

Според видеата што кружат на социјалните медиуми, неколку згради се урнале или делумно се урнале во регионот Минданао на Филипините. Наставата во училиштата е откажана, а работата на владините и приватните канцеларии е прекината. Земјотресот се случи на првиот ден од учебната година, за време на церемониите за кревање знамиња во училиштата и владините канцеларии, па многу ученици, наставници и персонал веќе беа надвор од зградите.

Поврзани содржини