🎥 СЕ ПРАШУВАТЕ КАКО ИЗГЛЕДА ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ БЕЗ ШМИНКА? Ова е лицето на познатата актерка и пејачка на 57 години!

Џенифер Лопез воодушеви дел од своите следбеници со видеото без шминка во кое промовираше нов серум од линијата JLo Beauty, но некои ја критикуваа, тврдејќи дека користи филтри додека рекламира производи за нега на кожа.

2

Џенифер Лопез предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако во саботата објави видео без шминка, во кое промовираше нов производ од нејзината козметичка линија JLo Beauty.

56-годишната актерка, пејачка и претприемачка се сними себеси во бањата додека го претставуваше новиот производ, а воедно и ја најавуваше редизајнираната веб-страница на нејзиниот бренд.






Видеото брзо собра бројни комплименти од следбениците.

„Кожата сјае, косата сјае, животот сјае“, „Зрачи со беспрекорен сјај“.

Во видеото, Лопез објасни дека серумот содржи ретинол, витамин Ц и други активни состојки кои помагаат да се постигне помазна, посветла и посјајна кожа. Ѕвездата се појави во златна сатенска наметка и пуштена коса.

Сепак, не беа сите воодушевени од објавата. Некои следбеници ја обвинија Џенифер дека користела филтер додека промовира производ за нега на кожа.

„Ако производите се толку добри, тогаш зошто користите филтер?“, „Ќе беше многу поубедливо ако не користевте филтер“.

Некои коментираа дека видеото изгледало матно и дека било тешко да се процени вистинскиот ефект од серумот.

Џенифер Лопез го лансираше својот козметички бренд JLo Beauty на 1 јануари 2021 година. На крајот од 2025 година, брендот ја освои наградата Вeauty Innovation Award за маска за очи, која, според производителот, помага во намалување на отокот и нагласување на контурите на лицето.

JLo Beauty исто така нуди производи како што се креми со SPF, хидратантни креми, серуми за тело, креми за тело и балсами за нега на кожа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Поврзани содржини