БОСАНСКИТЕ НАВИВАЧИ ДОНЕСОА ЏИНОВСКО ЃЕЗВЕ ВО СЕНТ ЛУИС Американците се зачудија

Босна и Херцеговина си најде место во Мундијалот победувајќи ја Италија на пенали во плејофот.

272

Фудбалерите на Босна и Херцеговина го одиграа последниот пријателски и подготвителен натпревар во Сент Луис пред почетокот на Светското првенство следната недела. Тие одиграа 1:1 со Панама и потврдија дека ова може да биде едно од поинтересните натпреварувања во последно време.

А она што изненади многумина беше фактот дека навивачите на Босна и Херцеговина успеаја да донесат неверојатен реквизит со себе во Америка. Станува збор за огромно бакарно ѓезве за кафе, во традиционален босански стил, од кое се подготвува најомилениот пијалок за Босанците.






Босна и Херцеговина си најде место во Мундијалот победувајќи ја Италија на пенали во плејофот, а навивачи на оваа земја веќе ги преплавија Соединетите Американски Држави, па може да се каже дека оваа земја од Балканот има огромна поддршка од трибините, што беше случај и во Сент Луис.

Поврзани содржини