🎥 ВУЧИЌ СЕ ПОЖАЛИ НА „ЕВРОПСКАТА ХРАНА“ ВО ТИВАТ Па им пресече кулен на младите прогресивци

Во видео Вучиќ, опкружен со група млади луѓе, зборува за тоа како „се забавува со пријатели од Младинската академија и Фондацијата за српскиот народ и држава“ покрај езерото Палиќ во близина на Суботица.

202

Српскиот претседател Александар Вучиќ се врати во Србија од самитот на Европската унија и Западен Балкан што се одржа во Тиват и се пожали на „европската храна“ во Црна Гора.

Во видео објавено на неговиот канал Budućnost Srbije, Вучиќ, опкружен со група млади луѓе, зборува за тоа како „се забавува со пријатели од Академијата на млади лидери на СНС и Фондацијата за српскиот народ и држава“ покрај Палиќко Езеро во Војводина.






„Се вратив во Србија и не би можел да бидам посреќен“, напиша Вучиќ, а во видеото беше уште поконкретен на темата „вистински европски вредности“.

– Денеска решив, бидејќи бев гладен, ништо не сум јадел од утрово… Во Црна Гора имаше сета таа… европска храна, како да ви објаснам. Затоа решив да јадам нешто тука каде што има… колбас, кулен, сланина, козјо сирење, сè… – рече Вучиќ.

Тој  им се заблагодари на сите луѓе во Србија за нивната поддршка во текот на последните 48 часа, а особено на Србите во Црна Гора, во она што тој го нарече тешки времиња.

Под тешки времиња, тој веројатно мисли на скандалот што го одбележа самитот ЕУ-Западен Балкан, кога група мажи пристигнаа во Црна Гора со чартер лет од Белград, а потоа беа вратени од аеродромот.

Црногорската полиција објави дека кај патниците се пронајдени транспаренти со натпис „Србија победува“, комуникациски уреди и дека ги чекаат два автобуси.

Поврзани содржини