🎥 ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Татко држи тригодишна ќерка како заложник на прозорец, полицијата мораше да го застрела
Екипите што го обезбедувале подрачјето се обидувале да го убедат М.Д. да се предаде, но не успеале. Поради ова, интервенирале припадници на специјалната полиција која пукаше во него и го неутрализира.
Морничави сцени се снимени во турската престолнина Анкара. Таткото М.Д. по расправија со сопругата, ја зграпчил својата тригодишна ќерка, која ја држел како заложник под закана со нож, на прозорецот од станот и се заканил дека ќе ја фрли. Припадници на специјалната полициска единица го неутрализирале осомничениот пукајќи во него.
Инцидентот се случил во станбена зграда во населбата Пијаде. објави Хаберлер која го објави и видеото.
По пријава од граѓани кои го виделе осомничениот како го држи девојчето за облеката и го спушта низ прозорецот, на местото на настанот биле испратени полициски, противпожарни и медицински екипи.
Екипите што го обезбедувале подрачјето се обидувале да го убедат М.Д. да се предаде, но не успеале. Поради ова, интервенирале припадници на специјалната полиција која пукаше во него и го неутрализира.
Во соопштението на Полициската управа во Анкара во врска со инцидентот се наведува:
„Бидејќи лицето, и покрај обидите да го убедат да се предаде, не се предаде и продолжи со дејствија што го загрозија животот на детето, беше спроведена интервенција. Како резултат на интервенцијата, детето беше спасено, додека лицето беше неутрализирано со повреди. За време на интервенцијата беше повредено и нашето службено полициско куче, чие лекување е во тек. Судската постапка во врска со овој настан продолжува со должно внимание“, соопшти полицијата.
Видео снимки од овој ужасен настан може а се види на следниот ЛИНК.