🎥 „ТРАМП, ТРАМП…, СИТЕ ГО САКААТ ТРАМП“ Американскиот претседател објави ново ВИ- видео

Видеото со вештачка интелигенција се состои од монтажа на снимки на кои Трамп, меѓу другото, скока со падобран и јава лав, додека глас во позадина ритмички скандира: „Трамп, Трамп, Трамп, Трамп, каде и да одам, сите го сакаат Доналд Трамп“.

108

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно на својата социјална мрежа Truth Social објави видео, генерирано од вештачка интелигенција, кое го прикажува во различни ситуации низ целиот свет, додека песна чиј текст го уверува дека „сите го сакаат“ го следи во позадина.

Видеото со вештачка интелигенција се состои од монтажа на снимки на кои Трамп, меѓу другото, скока со падобран и јава лав, додека глас во позадина ритмички скандира: „Трамп, Трамп, Трамп, Трамп, каде и да одам, сите го сакаат Доналд Трамп“.






Во еден особено впечатлив дел од видеото, Трамп јава камила низ пустината, а песната во тој момент вели: „На Блискиот Исток го обожаваат Доналд Трамп“.

Видеото не остана незабележано од корисниците кои оставија различни коментари.

„Денес е 6-ти јуни и сè уште чекам цените на горивата да „паднат како карпа“, напиша еден корисник, потсетувајќи се на претходните ветувања на Трамп.

Друг коментатор беше уште поостар во врска со најновиот виртуелен испад на Трамп, критикувајќи ја неговата несериозност.

„Овој пат погодивте во центар. Возрасен човек, но мисли дека е лик од стрип. Оваа незрелост е болна. Единствениот лик од стрип што ви одговара е Бозо Кловнот“, напиша корисникот.

Поврзани содржини