БИЗНИСМЕНОТ УБОВИЌ СЕ ОБИДЕЛ ДА ГО УДРИ СО ГЛАВА ЕКСПРЕМИЕРОТ АБАЗОВИЌ Инцидент во судот во Подгорица
При влегувањето во судницата Убовиќ наводно трзнал со главата и лесно го поткачил лидерот на Движењето УРА Абазовиќ по лицето, по што полицаецот реагирал и го турнал Убовиќ кон клупите, пишува Вијести.
Во судот за прекршоци во Подгорица денеска се случи инцидент и речиси физички конфликт меѓу поранешниот премиер Дритан Абазовиќ и бизнисменот Ранко Убовиќ, кој тргнал да го дри со глава го удри со глава, а Абазовиќ го оттрнал.
Според весникот Вијести настанала мешаница, а полицајците спречиле физичка пресметка.
Полицаецот задолжен за обезбедувањето во судот го турнал Убовиќ, а потоа го предупредил за несоодветно однесување.
Според првите информации, сè се случило при влегувањето во судницата, кога Убовиќ наводно трзнал со главата и лесно го поткачил лидерот на Движењето УРА Абазовиќ по лицето. Наводно, Абазовиќ не се помрднал, по што полицаецот реагирал и го турнал Убовиќ кон клупите.
– Не ми викај – наводно му рекол Убовиќ на полицаецот кој го предупредил да не предизвикува инцидент.
По влегувањето во судницата, адвокатот Зоран Пиперовиќ се обидел да ги смири тензиите. Рочиштето подоцна се одржало без поголеми проблеми.
Судијката и портпаролка на Судот за прекршоци, Ана Бокан изјави дека непосредно пред почетокот на судењето, во салата на судницата, додека чекале да бидат викнато, дошло до конфликт меѓу Абазовиќ и Убовиќ.
– Со навремената реакција на полицаецот, спречен е понатамошен конфликт, а претресот е спроведен без никакви проблеми – рече Бокан за Вијести.
Таа додаде дека за настанот полицајците преземаат мерки во рамките на нивната надлежност.
По завршувањето на судењето, поранешниот премиер го чекале неколку службеници од Полициската управа пред зградата на Судот за прекршоци, бидејќи полицајците задолжени за неговото обезбедување го пријавиле инцидентот. Полицијата ги претресла Убовиќ, неговите пријатели и нивните возила пред зградата.
Потоа Абазовиќ го пријавил инцидентот во Центарот за безбедност во Подгорица, каде Ранко Убовиќ бил повикан да даде изјава.
Денешното рочиште е дел во постапката покрената по претходниот инцидент меѓу Абазовиќ и Убовиќ во ресторанот „Спаго“ во Подгорица. Кон крајот на август 2024 година, во тој ресторан се случи тепачка меѓу поранешниот премиер и бизнисменот, како и меѓу луѓе од нивните друштва и обезбедувања.
При влегувањето во ресторанот, келнерот на ресторанот наводно го прашал лидерот на Граѓанското движење УРА дали сака да му најде друго место „затоа што има луѓе од Бемакс“. Поранешниот премиер потоа наводно ги поздравил, на што Убовиќ одговорил со зборовите: „Срам да ви е“. Потоа, обезбедувањето на Убовиќ се насочило кон Абазовиќ, што довело до тепачки и меѓусебни навреди.
Основниот суд во Улцињ кон средината на мај оваа година пресуди во корист на Дритан Абазовиќ во постапката покрената против него од бизнисмените Ранко Убовиќ и Александар Мијајловиќ. Судот ја отфрли нивната тужба против Абазовиќ поради изјавите дадени во 2022 и 2023 година, кога тој јавно ги обвини дека се на врвот на криминалната пирамида во Црна Гора и дека се поврзани со шверцот на кокаин и цигари.
Убовиќ и Мијајловиќ побараа надомест за повреда на честа и угледот. Во таа постапка, поранешниот премиер одби да се повика на функционален имунитет, а по пресудата на Основниот суд во Улцињ, лидерот на Граѓанското движење УРА напиша дека „вистината победи“.
Ранко Убовиќ е црногорски бизнисмен, најпознат како сопственик и еден од основачите на градежната компанија Бемакс, која со години важи за една од најмоќните компании во Црна Гора.
Убовиќ беше уапсен пред 7 месеци под сомнение за перење пари.