ПУТИН ОДБИ ДА СЕ СРЕТНЕ СО ЗЕЛЕНСКИ „Украинскиот претседател ми испрати грубо писмо“

Таква средба нема цел, вели рускиот претседател Владимир Путин, по поканата што ја доби од украинскиот колега Володомир Зеленски.

325

Претседателот на Русија Владимир Путин го одби предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за директни преговори меѓу нив за завршување на војната.

Зеленски вчера во отворено писмо побара да се сретнат во неутрална земја за да стават крај на војната.






Путин истакна дека таква средба „нема цел“.

Тој на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург истакна дека Зеленски вчера му испратил „грубо писмо“, особено по нападот врз студентскиот дом во Луганск, каде загинаа 21 лице.

Кремљ претходно му понуди на Зеленски средбата да се одржи во Москва, а украинскиот претседател го одби.

Путин изјави дека Русија е подготвена за компромиси, во согласност со договорите постигнати на минатогодишниот самит со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска. Додаде дека Киев мора да ги прифати за да постигне договор за прекин на конфликтот.

– Секако, украинската страна би сакала да го запреме напредувањето на руската армија, но би било подобро војната да се заврши со согласување со компромисите дискутирани во Анкориџ – истакна Путин.

Зеленски му напиша на Путн дека војната е негов избор.

„Рускиот народ не ги сака нашите беспилотни летала и ракети. Не им се допаѓа недостигот на гориво и постојаното зголемување на цените. Не им се допаѓаат постојаните забрани. Не им се допаѓа вашата намера да започнете втор бран мобилизација, за да ја проширите војната во друга насока во Украина или да ја насочите против некоја друга соседна земја. Не им се допаѓа фактот што нема крај на вашата војна“, напиша украинскиот претседател.

АЈДЕ ДА СЕ СРЕТНЕМЕ И ДА ЈА ЗАВРШИМЕ ВОЈНАТА Зеленски му напиша писмо на Путин, Кремљ го повика во Москва

Поврзани содржини