7 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ХОЛАНЃАНКА ШТО ГО ДАЛА 14-ГОДИШНИОТ СИН ВО ИСИС Детето загинало на 16 години

Судот во Хаг ја прогласи Ајада К. за виновна за воено злосторство, односно за помагање и за поттикнување регрутaција или користење деца во вооружени дејствија.

151

Окружниот суд во Хаг денеска осуди 49-годишна холандска државјанка на 7 години затвор затоа што му дозволила на својот 14-годишен син да се приклучи на терористичката организација Исламска држава.

Судот ја прогласи Ајада К. за виновна за воено злосторство, односно за помагање и за поттикнување регрутaција или користење деца во вооружени дејствија. Таа беше прогласена за виновна и за помагање на терористичка организација, како и за загрозување на безбедноста и на благосостојбата на децата.






Според обвинението, Ајада К. во 2014 година ги одвела своите две малолетни деца, синот и ќерката, во Сирија. Подоцна му дозволила на синот да се приклучи на полициска структура на Исламска држава, кога тој имал само 14 години. Две години подоцна момчето загинало додека служело во воена единица на џихадистичката организација.

Во текот на судскиот процес обвинетата го искористила своето законско право да не дава исказ.

По поразот на Исламска држава во 2019 година таа останала во Сирија, а 5 години подоцна била репатрирана во Холандија. Ајада К. и нејзините преостанати деца се приведени во 2024 година по нивното пристигнување во земјата.

Судот оцени дека обвинетата свесно го изложила својот син на сериозна опасност и овозможила негово вклучување во активности на терористичка организација.

Поврзани содржини