БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛУВА НАСЛЕДЕНИ ИСТОРИСКИ И ПОЛИТИЧКИ ПРОБЛЕМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ЕУ Проширувањето треба да е според достигнувањата на кандидатите

Бугарскиот премиер Румен Радев рече дека се подготвени да помогнат на секоја земја што аплицира за членство, особено „на браќата од Северна Македонија“, но ги чекаат уставните измени, за да почнат преговрите.

939

Позицијата на Бугарија е многу јасна, проширувањето треба да се случува врз принципот на сопствените достигнувања. Тоа значи длабоки реформи во сферата на правосудството, владеењето на правото, човековите права и изградбата на добрососедски односи, изјави бугарскиот премиер Румен Радев во Тиват, каде што учествува во Самитот ЕУ-Западен Балкан.

– Нашата позиција е дека не треба да внесуваме наследени политички и историски проблеми внатре во европското семејство. Верувајте дека ќе продолжиме да стоиме зад ова позиција. Ги поздравуваме нашите домаќини од Црна Гора за напредокот и високо ги цениме напорите на Албанија, за напредок кон членството – изјави Радев.






Тој ги повика останатите земји од Западен Балкан да земат пример од овие две земји, доколку сакаат да достигнат до сличен резултат.

– Денешната средба е важна. Знаете дека Бугарија секогаш била основен мотор на процесот на проширување и интеграција на земјите од Западен Балкан. Бидејќи ние веруваме дека тоа е инвестиција во нашата безбедност и придонесува за проширување на заедничкото европско пространство за стабилност и просперитет – изјави Радев.

Принципот за сопствените достигнувања е клчен, додаде Радев.

– Не можеме да си дозволиме да ги компромитираме Копенхашките критериуми за членство поради сложената геополитичка состојба. Бидејќи ако сега вештачки, со брзање ги „изгаснеме“ тие проблеми. тие ќе се појават после години во европското семејство. Ние не сакаме тоа да се случи и нема да го дозволиме – дециден е бугарскиот премиер Радев.

На прашање за интеграцијата на Македнија во ЕУ, Радев повтори дека уставните измени се услов за процеспт.

– Единственото нешто што треба да го направи Северна Македонија е да ги впише Бугарите во Уставот, за да почне преговори со ЕУ. Подготвени сме да помогнеме на секоја земја што аплицира за членство, особено на нашите браќа од Северна Македонија. Чекаме тие конечно да ја исполнат преговарачката рамка. Имаме консензус од јули 2024 година и чекаме тие конечно да го изменат Уставот и да ги вклучат Бугарите во него. Многу е едноставно. Потребно е да го направат само овој чекор за да се отвори вратата за преговарачкиот процес – рече Радев.

Поврзани содржини