ПАДНА СПОМЕНИКОТ НА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ РУСКИ ПИСАТЕЛИ ВО КИЕВ За едни бришење наследство, за други „историски настан“

Еден од најпознатите писатели на 20 век е роден во украинската престолнина, но се идентификувал со руската културна традиција.

507

Споменикот на Михаил Булгаков во Киев е е урнат.

Локалните власти одлучија да го демонтираат споменикот на славниот писател. Официјално, ова се објаснува со „преиспитување на пристапот кон историското и културното наследство“.






Локален новинар во едно од видеата од уrивањето на споменикот го нарекува тоа „историски настан“.

Михаил Булгаков е роден на 15 мај 1891 година во Киев. Имал длабоко влијание врз светската литература и продолжува да предизвикува голем интерес и во денешно време.

Булгаков е автор на култниот роман „Мајсторот и Маргарита“, кој многумина го сметаат за едно од најголемите книжевни дела на 20 век. Романот преку фантастична приказна за доаѓањето на Сатаната во Москва ја критикува цензурата, бирократијата и злоупотребата на моќта во Советскиот Сојуз.

 

Поврзани содржини