НАРЕДНИТЕ МЕСЕЦИ НЕМА ДА ИМА НЕДОСТИГ НА КЕРОЗИН ВО ЕВРОПА Авиолиниите се укинуваат поради високата цена на горивото

Според него, патниците можеби нема да го почувствуваат целосното влијание од повисоките цени на билетите до крајот на оваа година или почетокот на следната година, но ситуацијата е „многу различна од авиокомпанија до авиокомпанија“.

87

Нема знаци за недостиг на гориво за авиони во Европа во наредните месеци, и покрај тешкотиите во транспортот на нафта преку Ормускиот теснец поради блокадата на Иран, но дека високите цени ги поттикнуваат авиокомпаниите да ги прекинат неекономичните рути, изјави денеска комесарот за транспорт на ЕУ Апостолос Цикикостас.

– Во моментов нема недостиг на гориво за авиони во Европа. Немаме знаци дека ќе имаме недостиг во наредниот период – изјави Цикикостас.






Тој рече дека регионалните аеродроми се најзагрозени и дека главната загриженост е скокот на цените.

– Затоа гледаме дека некои авиокомпании избираат да откажат некои од своите рути што немаа никаква економска смисла – рече Цикикостас.

Според него, патниците можеби нема да го почувствуваат целосното влијание од повисоките цени на билетите до крајот на оваа година или почетокот на следната година, но ситуацијата е „многу различна од авиокомпанија до авиокомпанија“.

Цикикостас рече дека ситуацијата со снабдувањето со гориво на авионите ќе биде „многу тешка“ до крајот на годината, ако снабдувањето со нафта од Блискиот Исток остане прекинато.

– Од клучно значење е да се запре војната и да се отвори Ормускиот теснец, а ова мора да се случи што е можно поскоро… Секогаш треба да се сеќаваме дека Европа е подготвена. Имаме итни залихи во нашите земји-членки – рече тој.

Тој предупреди дека затворањето на Ормускиот теснец не само што го загрозува снабдувањето со гориво за авиони или нафта, туку дека „можно е дури и да имаме глобална рецесија“.

Ормускиот теснец, кој е клучен превозен пат што го поврзува Персискиот Залив со меѓународните пазари, е во голема мера затворен во последните три месеци, намалувајќи ги залихите на нафта за околу 14% од глобалната побарувачка.

ЕУ досега ги издржа прекините во снабдувањето, бидејќи нафтата од Блискиот Исток сочинува околу 20% од горивото за авиони што го увезува, а залихите од Соединетите Американски Држави и Нигерија во голема мера ја пополнуваат празнината.

Поврзани содржини