ХРВАТСКА ПЕЈАЧКА Ѝ ГО ПОДАРИ НА ОБОЖАВАТЕЛКА СВОЈОТ АВТОМОБИЛ Музичарката организираше наградна игра на концерт во Велика Горица

Хрватската пејачка и хармоникашка Стела Раде ѝ го подари својот розев автомобил на обожавателката Анамарија на специјално шоу во Велика Горица, преку наградна игра

92

Откако влезе на музичката сцена, хрватската музичарка Стела Раде често зборуваше за своите две љубови – музиката и автомобилите. Неодамна ги спои двете во уникатен настан во Велика Горица, а особено изненади една обожавателка кога после настапот ѝ го подари својот розев автомобил.

– Моите две најголеми страсти се, музиката откако знам за себе, и автомобилите, во последните години. И реков: ох, како можам да го спојам сето тоа во едно, не сакам да се откажам од ниту едната, и еве ме, ми текна идејата да создадам свој настан каде што би ги поврзала двете – изјавила Раде за Ин Магазин за нејзиниот настан наречен „Stela Rade Music Show: Car Experience Edition“.






Нејзиниот препознатлив розев автомобил потоа доби нов сопственик.

– Тој автомобил беше приказна од самиот почеток и беше како: „Сакам да го продадам, нема да го продадам“, а потоа само реков: не, нема да го продадеме, ќе направиме извлекување на награди. Бидејќи е супер кога има приказна. За мене, сè мора да има приказна, па еве, сега е ова приказна – рекла Раде, која имала и посебен услов за новата сопственичка, Анамарија:

– Сè што ми е важно е таа да ужива во тој автомобил колку што уживам и јас. Маж, жена, млади и стари, само да уживаат во него максимално.

Дополнително, Раде даде емотивна изјава на својот Инстаграм по концертот во Велика Горица.

– Ви благодарам на сите што го поддржавте мојот прв настан на кој било начин. Со години сум во музиката и дел од јавниот живот, но оваа приказна е нешто ново и носи со себе нови стравови и сомнежи, нов вид одговорност… Секоја нова ситуација ме тера да размислувам, но се обидувам да останам своја и им благодарам на сите што го препознаваат тоа – напиша таа во својата објава на Инстаграм.

Го спомена и својот автомобил:

– Од друга страна, оваа наградна игра е нешто што веројатно никогаш повеќе нема да го направам затоа што сум премногу емотивна за сè и сè земам при срце. Среќна сум за победничката, Анамарија, а во исто време тажна сум за сите вас што навистина го сакавте тој автомобил и бевте разочарани што не ве извлеков токму вас. Тоа е животот, а животот е игра. Понекогаш победуваш, понекогаш губиш. Честопати не е фер. Целата оваа приказна ме научи толку многу и ме натера да имам многу позитивни и негативни мисли. Многу сум благодарна за тоа и не би променила ништо. Сакам да продолжам да ви се давам себеси преку музика и други фиксни идеи што ми паѓаат на ум.

Конечно, таа имаше порака за сите:

– Играјте, бидете отворени и не дозволувајте никој да ве убеди дека не можете да направите нешто или дека не треба да направите нешто. Нема лош исход, понекогаш едноставно не излегува онака како што сте замислувале, но победата е кога, и покрај тоа, продолжувате да верувате во себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stela Rade (@stela_rade)

Поврзани содржини