📽️ „БАЛЕТ СО СМРТТА“ НА УЛИЦИТЕ НА ПАРИЗ Како мото-полициските екипи и медицинските тимови крадат секунди за да спасат животи

Медицински тимови и париската полиција секојдневно спроведуваат високоризични мисии за транспорт на органи, каде секунда одлучува дали пациент ќе преживее или не.

97

„Transplantation pour une super urgence“ 🚨 (трансплантација во супер ургентност). Ова не е најава за акционен холивудски филм, туку секојдневна реалност за Хаким, медицински професионалец од Париз чиј Инстаграм профил стана вирален прозорец во свет каде секој кубен сантиметар кислород, секоја минат метар и секоја секунда значат разлика меѓу живот и смрт.

Кога пациентот ќе добие статус на „супер ургентност“, часовникот почнува немилосрдно да отчукува. Тој има помалку од 72 часа да добие нов орган. Без трансплантација во тој рок, шансите за преживување исчезнуваат. Во тој момент, на сцена стапува Хаким и неговиот тим.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by @hakim_75o2o

Машината што го заменува срцето

Во своите емотивни објави, Хаким сликовито ја објаснува својата мисија со ECMO системите (надворешна оксигенација на крвта):

„Кога белите дробови повеќе не одговараат. Кога срцето се исцрпува. Кога на телото му недостасува кислород, ECMO станува витална итност. Тоа е машина способна да го преземе водството, да го оксигенира скапоцениот сок и да го одржува животот додека телото се бори. Но, времето игра против нас. Секоја минута без кислород ги уништува органите и го загрозува мозокот. Затоа тргнуваме брзо. Многу брзо.“

ECMO системите практично ја преземаат функцијата на срцето и белите дробови, давајќи им на лекарите краток, но драгоцен прозорец за спасување живот. Но тој прозорец често е опасно тесен.

Балет со смртта со 150 километри на час

Видеата кои Хаким ги споделува (а кои ги пренесуваат и светски мега-платформи како Supercar Blondie), го прикажуваат вистинскиот пекол на париските улици во текот на сообраќајниот шпиц.

Штом органот (најчесто срце или бели дробови кои имаат рок на траење од само неколку часа) е спакуван во специјалниот ладилник, започнува лудата трка.

Медицинското возило со органи не е само. Пред него летаат „уметниците на две тркала“ – специјалната мото-единица на париската полиција (Compagnie Motocycliste de Paris).

Нивната задача изгледа невозможна: да направат чист коридор  на автопатиштата, тунелите и тесните булевари во Париз.

Моторџиите со неверојатна прецизност ги „сечат“ раскрсниците, со своите тела ги блокираат залутаните возачи и возат во спротивна насока за да го пробијат патот.

Доволно е само едно невнимание, еден возач кој не погледнал во ретровизор, за мисијата да заврши со трагедија.

Во возилото на Хаким владее гробна тишина и максимален адреналин, очите се вперени во патот, а рацете цврсто го држат куферот со нова надеж.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @hakim_75o2o

„Претворање на итноста во надеж“

Оваа опасна вожња по рабовите на жилетот има само една цел. Како што вели самиот Хаким, тие брзаат:

„…за да дадат нов здив и да ја трансформираат итноста во надеж. Зад оваа трка против времето стои цел тим, една мисија… еден човечки живот.“

Овие мисии се строго координирани операции каде болници, хирурзи, транспортни тимови и полиција функционираат како еден организам.

Последните метри до живот

Кога возилото конечно ќе закочи пред ургентниот центар, сцената се менува за неколку секунди – од хаос на улица во хирургиска тишина.

Хаким и лекарите, меѓу кои и д-р Шарл Жан-Баптист со кого често соработува, буквално трчаат кон операционата сала.

Секој чекор е дел од истата трка што почнала на улица – само сега на масата веќе не е куфер, туку човечки живот.

Ако операцијата биде успешна, новото срце повторно почнува да чука во градите на пациентот кој до пред неколку часа бил на работ на смртта.

Во тие моменти, тимот не зборува многу. Само знае дека секој ризик на асфалтот имал смисла.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @loulouvilla

Коментари на чиста благодарност и почит

„Вие сте ангели чувари на четири тркала“

Илјадници корисници му порачуваат дека неговата професија е надвор од овој свет:

„Кога го гледам ова, ми се лади крвта во вените, а од друга страна срцето ми се полни со надеж. Фала ви што го ризикувате вашиот живот за да спасите туѓ.“

„Невидливи херои за кои никој не зборува“

Многу коментатори потенцираат дека медиумите ретко ги покажуваат луѓето од транспортот:

„Хирурзите ги добиваат сите пофалби, но без луѓе како Хаким и полициските моторџии, тие хирурзи би оперирале празни гради. Вие сте првата и најважна алка!“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @hakim_75o2o

Воодушевување од брзината и полицијата

„Ова е подобар балет од оној во Операта во Париз!“

„Координацијата меѓу возилото и полицијата е уметност. Како успеваат да ги блокираат раскрсниците во секунда, тоа е неверојатно.“

„Формула 1 е ништо за оваа вожња. Ова е вистинска борба за живот.“

Најемотивните коментари (од семејства на пациенти)

„Мојот татко живее благодарение на луѓе како вас“

„Плачам додека го гледам ова видео. Пред две години вакво возило донесе црн дроб за мајка ми во последната секунда. Вечно ќе бидам благодарна.“

„Тоа не е обична кутија. Во неа е нечија последна надеж и нечиј нов почеток. Возете брзо – некој ве чека.“

Поврзани содржини