🎥 МАГАРИЊАТА СЕ ПОКАЖАА КАКО ОДЛИЧНИ ПСИХИЈАТРИ!? Помагаат во лекувањето душевни болести
Животните имаат позитивно влијание врз пациентите, особено во подобрување на емоционалната состојба, комуникација и социјалната интеракција – велаат психијатрите.
Во рамки на програма за терапија со животни која привлече внимание во Франција и пошироко, магариња им помагаат на пациенти со ментални проблеми во психијатриска болница недалеку од Париз. Лекувањето се одвива во Вил-Еврар, кој се смета за единствена институција со ваков метод во Франција.
Основен дел од терапијата е пациентите да се грижат за животните, водејќи ги на прошетка. Дел од учесниците ја завршија сесијата со прегратка на животните. Терапевтите ваквата постапка ја опишале како смирувачка и поттикнувачка за емоционална поврзаност.
Според водичите на програмата потребни се дополнителни научни истражувања за ефектите од терапиите со животни, кои веќе се применуваат во различни форми низ светот. Тие нагласуваат дека би сакале психијатриската и медицинската заедница формално да го признае овој пристап како комплементарен облик на нега, додавајќи ги сопствените искуства со пациентите и здравствените работници.
– Животните имаат позитивно влијание врз пациентите, особено во подобрување на емоционалната состојба, комуникација и социјалната интеракција. Пациентите учествуваат во сесиите бесплатно. Терапијата е дел од нивното лекување. Ваквиот начин на закрепнување е финансиран од францускиот јавен здравствен систем – објаснува персоналот од психијатриската болница.